Фудбалерот на Челзи, Весли Фофана го оперира бутниот мускул и ќе отсуствува три месеци

Од:

Фудбалерот на Челзи, Весли Фофана денеска имаше операција на бутниот мускул, поради што ќе отсуствува три месеци и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.

„Челзи може да потврди дека дефанзивецот Весли Фофана денеска имаше успешна операција на бутниот мускул“, се вели во соопштението на клубот.

Фофана (24) сезонава за сините одигра само 14 натпревари поради проблеми со повреди, а целата претходна сезона ја пропушти поради скинати лигаменти на коленото.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот фудбалер Марк Гиљо се сели од Челзи во Сандерленд

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи

Мареска: Среќен сум за победата, но ова не е фудбал