Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле ја одбил понудата на Ал Хилал од 100 милиони евра

Од:

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле ја одбил понудата од 100 милиони евра која на францускиот репрезентативец му ја понудил Ал Хилал, пренесуваат француските медиуми.

Дембеле ја одбил понудата на клубот од Саудиска Арабија, бидејќи сака да ја продолжи кариерата само во Пари Сен Жермен. Сепак, челниците на Барселона се уште не одговориле на понудата на „светците“ од 50 милиони евра за францускиот интернационалец.

Дембеле пристигна во Барселона пред шест години од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на каталонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Ако замине сега Дембеле ќе добие пола пари од трансферот

Дембеле сепак се договори, оди во Манчестер Јунајтед

Жарко Настоски