Дембеле сепак се договори, оди во Манчестер Јунајтед

Од:

Напаѓачот на Барселона Усман Дембеле се согласи да се пресели во Манчестер јунајтед и веќе ги договори своите лични услови со „црвените ѓаволи“. Денес напладне, новинарот на „РМЦ“, Мохамед Боухафси, објави дека Французинот не сака да оди на „Олд Трафорд“. Подоцна, сепак, „Сан“ излезе со понови вести, според кои Дембеле бил наклонет кон оваа промена.

Сепак, двата клуба допрва треба да ги договорат условите, а времето до затворање на прозорецот станува сè пократко. Според „Индипендент“, и Барселона и Дембеле сакаат постојан трансфер, додека понудата на Јунајтед е само за изнајмување до крајот на сезоната.

Клубот од „Олд Трафорд“ треба во секој момент да ги финализира трансферите на Единсон Кавани и Алекс Телеш.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле ја одбил понудата на Ал Хилал од 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ