Фудбалерите на Реал Мадрид предводени од најдобар фудбалери на светот Кристијано Роналдо ја изразија својата поддршка и солидарност на поплавените во Хрватска, БиХ и Србија.
Фотографијата на која се играчите и тренерот на „Кралскиот“ тим е објавена на официјалната „Фејсбук“ страна на мадридскиот клуб, на која е испишана и пораката „Реал Мадрид сака да ја искаже својата солидарност и поддршка на балканските земји зафатени од катастрофалните поплави кои ги погодија граѓаните на Србија, Босна и Хрватска’’.
Пораката фудбалерите на Реал ја испратија вчера пред одржувањето на првиот тренинг во Лисабон, каде утревечер ќе го одиграат финалниот натпревар во Лигата на шампионите во кој за противник ќе го имаат големиот мадридски ривал Атлетико.