Фудбалерите на Лидс и Барнли се враќаат во Премиер лигата

Од:

Лидс и Барнли денеска обезбедија враќање во Премиер лигата, откако во 44. коло од Чемпионшип ги совладаа Стоук (6:0) и Шефилд Јунајтед (2:1).

На две кола до крајот, Лидс и Барнли имаат по 94 бода, осум повеќе од третопласираниот Шефилд Јунајтед.

Шефилд Јунајтед ќе го бара патот до елитата преку плеј-офот, исто како и Сандерленд, додека останатите двајца учесници ќе бидат објавени подоцна.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ