Фудбалерите на Динамо го победија Хајдук како гости во најголемото дерби на хрватскиот фудбал

Од:

Фудбалерите на Динамо денес го победија Хајдук како гости во најголемото дерби на хрватскиот фудбал со резултат 3:1 во 33-то коло од хрватското првенство, со што направија голем чекор кон освојувањето на титулата.

Динамо сега е прв со 58 бода, два повеќе од Риека, која има натпревар помалку, а Хајдук има ист број бодови (56).

До крајот на првенството остануваат уште четири кола, а за две кола Хајдук ја пречекува Риека, Динамо има најлесен распоред.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовна тепачка меѓу навивачите на Динамо и Хајдук