Фудбалерите ги започнуваат подговките за мечевите со Хрватска и Србија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија, денеска ќе ги започне подготовките за квалификациските натпревари со Хрватска и Србија, кои ќе ги одигра како домаќин во Скопје.

Првиот собир, селекторот Чедомир Јаневски, го закажа во хотелот „Александар Палас“ точно на пладне.

Во понеделник репрезентативците ќе одржат еден тренинг, во 18 часот на арената „Филип Втори“, до петок кога ќе се одигра натпреварот со Хрватска, репрезентацијата ќе тренира два пати дневно.

Селекторот за овие два средби во репрезентацијата повика 23-ца фудбалери, а единствено ново име е играчот на кипарски Аполон, Бојан Марковски.

Натпреварите со Хрватска и Србија ќе се одиграат на 12, односно 16. октомври.

По две одиграни кола во А групата Белгија, Србија и Хрватска имаат по четири бода, Шкотска има два, Македонија еден, додека Велс е без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра