Автомобилот на Мехмет Топал, играч на Фенербахче бил погоден од проектил додека се враќал од тренинг центарот во азискиот дел на Истанбул.
Играчот се спасил благодарејќи на блиндираното стакло на автомобилот, а напаѓачот е во бегство.
Засега не се знаат мотивите, но и претходно годинава беше пукано во автобусот со играчи на Фенербахче на враќање од Трабзон.
Во тој напад беше тешко ранет клупскиот возач, а првенството беше времено суспендирано.