Фројнд најдобар на леталницата во Кулм

Од:

Германскиот ски-скокач Зеверин Фројнд победи на реконструираната леталница во австрискиот зимиски центар Кулм, со летови со должина од 227,5 и 210 метри и освои вкупно 420,5 бодови, што му го донесоа првото место пред победникот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, Штефан Крафт.

За Фројнд ова е втора победа сезонава во Светскиот куп, а вкупно 11-та во кариерата.

Третото место му припадна на Словенецот Јуриј Тепеш, кој во втората серија имаше најдолг лет од 231 метар, но слабиот пласман на шестото место во првата серија го спречи да има подобар резултат.

Во генералниот пласман Австриецот Михаел Хајбек со вкупно 704 поени е лидер, иако денеска го освои 16-то место. Крафт е втор со 697, а Словенецот Петер Превц е трет со 634.

Утре на леталницата во Кулм на програмата е нов натпревар од Светскиот куп. 

Би можело да ве интересира

Штох победник на денешните летови во Оберздорф

Ана Ололовска

Штох триумфира и на втората од „Четирите скокалници“

Ана Ололовска

Штох победник на првата скокалница од Новогодишната турнеја

Ана Ололовска

Тежок пад на ски-скокачот Дитхарт

Ана Ололовска

Кот победник на денешните скокови во Кореја

Ана Ололовска

Штох победник во Сапоро

Ана Ололовска