Французите се пласираа во полуфиналето на ракометниот Мундијал

Од:

Актуелниот светски шампион и домаќин на Мундијалот, Франција е втората селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство.

„Триколорите“ пред рекордни 28.000 гледачи во арената во Лил, потешко од очекувањата славеа победа над Шведска со 33-30 полувреме 15-16 во вториот четвртфинален меч на првенството.

Франција сега го очекува исходот од мечот меѓу Словенија и Катар, по кој ќе биде познат противникот на домаќинот во полуфиналето, закажано за во четврток.

Оваа средба, како и дуелот меѓу Шпанија и Хрватска ќе се играат во терминот од 20 часот и 45 минути. Победникот на мечот Шпанија – Хрватска, во второто полуфинале, кое на програмата е во петок, ќе игра против селекцијата на Норвешка која во првиот меч од четвртфиналната рунда беше подобра од Унгарија со 31-28.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски