Французите „полудеа“ од успехот на британските велосипедисти

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Французите се „полудени“ од успесите на британските велосипедисти во Велодромот во Олимпскиот Парк.

Британските велосипедисти, предводени од Крис Хој и Викторија Пендлтон и нивните совозачи од репрезентацијата, ги собраа најголемиот дел од златните медали на годинешниве Олимписки Игри, совладувајќи ги уверливо сите други репрезентации, меѓу кои се и француските велосипедисти.

Изјавата на Камерон доаѓа по откритието дека тренерите на француската велосипедска репрезентацијата биле „поразени и под депресија“ од супериорноста на Британците. Во изјава за медиумите, тие рекле дека ги применуваат сите методи што ги користат и британските велосипедисти, но дека на овие Игри Французите далеку заостануваат зад домашните тркачи. Лондонските весници го искористија ова признание за да тврдат дека Французите се „фрустрирани“ и поради поразот што го доживеаја на трката Тур де Франс, на која победи Британецот Бредли Вигинс, а неговиот другар од репрезентацијата Марк Кавендиш триумфираше во последната етапа, во Париз.

Камерон со својата изјава му возврати на францускиот преседател Франсоа Оланд, кој за време на својата посета на Олимпијадата, на 30 јули му порача на британскиот премиер дека „благодари за црвениот тепих што Британците го распослаа за француските спортисти, за да собираат златни медали“. Ваквата изјава е алузија за „црвениот тепих“ што го најави Камерон дека ќе го распостели Велика Британија за француските банкари и богаташи кои ќе бегаат од Франција во Лондон, по изборот на социјалистички претседател.

Французите уверливо ги совладаа Британците во пливачкиот базен и имаа обезбедено четири златни трофеи. Во последните три денови, британските олимпијци се уверливо подобро во билансот на медалите, со 52 медали од кои 25 златни, оставајќи ги Французите далеку зад себе.

Незадоволство на француските тренери е разбирливо, затоа што Франција е далеку пред сите други земји во светот, со освоени 86 медали во овој спорт на сите досегашни Олимпијади, па затоа важат како најуспешна велосипедска нација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он