Францускиот фудбалер Пол Погба од Јувентус е суспендиран на четири години поради користење допинг, пренесува денеска Ројтерс.
Италијанскиот антидопинг трибунал (НАДО) го прифати барањето на антидопинг обвинителот, кој претходно бараше максимална суспензија за играчот на Јувентус поради употреба на тестостерон.
Претходно, во септември минатата година, НАДО привремено го суспендираше Погба до крајот на постапката.