Франција за прв пат во историјата европски шампион

Од:

Кошаркарската репрезентација на Франција го освои првиот златен медал на Европските првенства откако во Љубљана во „Арена Стожице“ ја совлада Литванија со 80:66 (19-22, 31-12, 18-16, 12-16).

„Триколорите“ го играа своето трето финале (1949 и 2011 година) и конечно предводени од Тони Паркер освоија златен медал на едно големо натпреварување.

Литванија остана со три титули европски шампион, а по вторпат го освојува сребрениот медал (1995 година).

Литванците единствено во првиот период беа рамноправен ривал, но потоа Французите постигнаа 31 поен за вкупно 50 на крајот од првото поувреме што беше само најава за победата во финалниот натпревар. Во 27.минута Франција водеше 64:42 (+22 поена  највисоко водство).

Најдобри стрелци кај Франција беа Никола Батум 17 поени, Борис Диао 15, Тони Паркер 12, додека Алексис Ажанса имаше 10 скокови.

Кај Литванија Линас Клеиза реализираше 20 поени, Мантас Калниетис 19. Потфрли „клупата“ на Литванија која постигна само 3 поени (Поциус).

Во малото финале Шпанија ја победи Хрватска со 92-66 и со тоа го освои бронзениот медал.

Признанието МВП (најкорисен играч на шампионатот) му припадна на Тони Паркер, а во најдобрата петорка покрај Паркер се уште: Горан Драгиќ (Словенија), Бојан Богдановиќ (Хрватска), Линас Клеиза (Литванија) и Марк Гасол (Шпанија).

Македонија во своето четврто учество го освои 21.место со една победа и четири порази.

Домаќин на следното Европско првенство во 2015 година е Украина.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ