На машкиот ракометен турнир на Игрите во Лондон сите четвртфинални натпревари беа исполнети со неизвесност и минимални победи. На два натпревара разликата беше само еден гол, а на два – два гола.
Олимпискиот шампион Франција со голот во последната секунда на Вилијам Акрамбе ја победи Шпанија со 23:22 и остана во игра за освојување медал. Нивни противник во полуфиналето ќе им биде Хрватска, која го победи Тунис со 25:23, но „коцкастите“ предноста ја направија кон средината на вториот дел.
Во „скандинавската пресметка“ во четвртфиналето Шведска го победи европскиот шампион Данска со 24:22, со тоа што во последните секунди Шведска го реализираше нападот за два гола разлика. Нивни ривал во полуфиналето ќе им биде Унгарија, која по 80 минути (четири продолженија по 5 минути) го совлада финалистот од Пекинг, Исланд со 34:33, откако претходно беше 27:27 (регуларен дел) и 30:30 (прво продолжение).