Фудбалерите на Франција во дербито на осминафиналето на Европското првенство ја совладаа Белгија со резултат 1:0 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од натпреварувањето на најдобрите селекции на Стариот континент.
Натпреварот беше отворен со поголем посед на топката за Франција која повеќе сакаше да стигне до голот отколку Белгија. „Црвените ѓаволи“ од старт сакаа само да одбранат гол против француските ѕвезди и одлично се снајдоа.
Се чекаше 35 минути за првата шанса, а потоа Маркус Турам со глава само покрај голот на Белгија. Потоа следеше обид на Орелиен Чоамени, кој шутираше силно од далечина, но и го промаши голот.
Во последниот напад од првото полувреме истиот играч му ја уништи одличната повратна топка на Килијан Мбапе и шутираше над голот од десетина метри. На полувреме без голови.
Французите многу подобро го отворија вториот дел. Турам повторно за малку ќе погодеше со глава во 50. минута, а се закани и Чуамени, чиј удар белгискиот голман го одби во корнер.
Најдобрата шанса, воедно и прва на денешниот натпревар, ја имаа Белгијците во 70. минута. Ромелу Лукаку шутираше од седум-осум метри, но Мајк Маињан го спречи уште еднаш да постигне гол на овој турнир.
Следеше одговор од Французите и уште две одлични шанси, но Вилијам Салиба и Килијан Мбапе не беа прецизни во 74. и 78. минута.
Кога се чинеше дека ќе има продолженија, шок за Белгијците на пет минути до крајот. Рандал Коло Муани погоди во 85. минута за Французите да слават.
Франција со тоа се пласираше во четврт-финалето на Европското првенство каде ќе игра против подобрата селекција од дуелот меѓу Португалија и Словенија.