Франција прв финалист на ракометното Светско првенство

Од:

Домаќинот Франција е првиот патник во финалето од Светското првенство во ракомет по победата против Словенија со 31-25.

Најуспешен кај французите беше Недим Ремили со шест постигнати погодци, додека за словенците најмногу голови, 5, постигна Јуре Доленец.

Французите беа подобри во текот на целиот натпревар и со удобна предност влегоа во завршницата на натпреварот.

Во вториот полуфинален натпревар утревечер ќе се сретнат репрзентациите на Хрватска и Норвешка од 20.45 часот.

Финалето е закажано за недела, додека натпреварот за трето место треба да се игра во сабота.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски