Во било кој спорт е неверојатно да се освојат пет светски титули за 20 години. По такво постигање в недела ќе тргне Франција, која ако го совлада Катар ќе биде најтрофејна светска ракометна сила, минувајќи ја Шведска, а и старата сила Романија. Кога во 1995 година дојдоа на Исланд, французите немаа ниту едно злато од светските првенства, а сега имаат четири со големи шанси да стигнат и до пет. Низ овие светски титули, измешани се европски и олимписки медали, главно златни.
Откако во минатото освоија гренд слем во само две години, сега французите можат да го заокружат вториот гренд слем во три години и по втор пат да ги имаат сите три круни во своја сопственост.