По одигрување на натпреварите од 2. коло во втората групна фаза на кошаркарското Европско првенство, репрезентациите на Франција и на Литванија и се приклучија на Србија со обезбеден пласман во следната четвртфинална фаза.
Франција синоќа во ефикасен натпревар ја победи Летонија, а претходно Литванија ја совлада Белгија, додека Србија загуби од Украина.
Постигнати резултати: Литванија – Белгија 86:67, Украина – Србија 82:75 и Франција – Летонија 102:91.
Табела Е група: Литванија 7 бодови, Франција 7, Србија 7, Украина 6, Летонија 5, Белгија 4.
Денеска на Евробаскетот ќе се одиграат средбите од 2.коло во Ф групата. Двојките се: Хрватска – Италија, Шпанија – Финска и Грција – Словенија.
Табел Ф група: Италија 5 бодови, Словенија 5, Хрватска 5, Шпанија 4, Грција 4 и Финска 4.