Франција денеска се закити со титулата светски првак, триумфирајќи во финалето од СП 2015 над домаќинот Катар со 25:22.
Избраниците на Онеста доминираа од самиот почеток, па се до самиот финиш, искуството им овозможи да одолеат на неколкуте катарски офанзиви кога домаќините се приближуваа до само еден гол разлика, но на крајот сепак како пресудна се покажа класата на Омејер, Карабатиќ, Нарсис, кои ги обединија круните, па на онаа европската од минатиот јануари во Данска ја додадоа оваа светската во Катар.