Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Од:

Кошаркарската репрезентација на Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка, бидејќи во неверојатна партија беше поразена од Летонија. Со поразот од Канада во првото коло значи дека немаат шанси да се пласираат – 86:88!

Во самиот финиш на натпреварот при резултат 87:86 во корист на Летонија имаа и две слободни фрлања за потврда на победата. Сепак, тие искористија само едно, па Франција ги имаше последните 10 секунди од натпреварот за да атакува на победа.

Во последните секунди топката дојде до Јабуселе, кој успеа да шутира кон кошот, но не беше прецизен, па Летонија ја прослави победата со која ги елиминираше Французите од Светското првенство во кошарка.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он