ФОТО+ВИДЕО: Преполната „Морача“ ги пречека шампионките

Од:

Ракометарките на Црна Гора, новите шампионки на Европа, беа пречекани во преполната спортска сала „Морача“ во Подгорица.

И покрај лошото време, на славењето во чест на новите прваци на Стариот континент се појавија најмалку седум илјади луѓе.

Ракометарките допатуваа околу два часа по полноќ, а прв на навивачите им се обрати селекторот Драган Аџиќ.

„Знам дека долго чекавте, но имавте и кого да чекате. Ова се големи хероини, современи, младоста на Црна Гора. Ви благодарам на се, ве сакаме“, рече Аџиќ.

[nggallery id=116]

„Две медали во рок од четири месеци, па луѓе… Но никогаш не е многу. Златото е тука, ја позлативме оваа година. Благодарам што од почетокот до крајот на оваа година бевте со нас. Благодарност и до моите соиграчи, за кои велам дека се мојата фамилија“, вели Ана Ѓокиќ.

[nggallery id=117]

Капитенот Мара Јовановиќ излезе со пехарот.

„За нас дефинитивно не постојат граници. Мислам дека конечно го оправдавме името „Златни лавици“, рече Јовановиќ.

Еве дел од славењето по улиците непосредно по освојувањето на титулата.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале