Српскиот тенисер и рекет број еден во светот, Новак Ѓоковиќ вчера го прослави 26-от роденден.
„Денеска е прекрасен ден. Стигнав во Париз со мојот тим и само што го завршив својот прв тренинг на централниот терен. Се чувствувам супер и се радувам на овој турнир.
– Најубавиот дел од овој ден сте вие, моите фанови, кои по кој знае кој пат ме изненадивте со вашите пораки, снимки, слики и подароци. Ми го разубавивте мојот роденден и затоа сум ви многу благодарен.
– А благодарен сум и на Ролан Гарос, на убавото изненадување и на оваа вкусна торта“, напиша Новак Ѓоковиќ на својот Фејсбук профил.