Фотографија од Скопскиот маратон на насловната на Distance Running

Од:

Фотографија на Ванчо Џамбаски од годинaшниот Виз Ер Скопски маратон, се најде на насловната страна на најновото издание на најпрестижниот магазин за маратонско и улично трчање во светот Distance Running. Овој магазин го издава AIMS (Association of International Marathons and Distance Races), и се дистрибуира на глобално ниво во над 500.000 примероци.

Како што информираат од Виз Ер-Скопски маратон, препознатливоста на Скопскиот маратон како име и спортски бренд е раширена не само во Македонија, туку низ многу европски земји и пошироко. Потенцираат дека ова е шанса заинтересираноста за учество на маратонските трки за идната година да биде уште поголема од претходните.

Најновиот број на магазинот Distance Running, може да се разгледа на официјалната веб страна, а може да се симне и во .pdf формат на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“