Данската тенисерка Каролина Возниацки оствари соработка со познатата данска модна куќа „ЈBS”, а крајниот резултат е нејзината сопствена линија на долна облека која што симболично е наречена “Ова сум јас”.
Има вистина во тоа дека јас сум она што го носам на себе. Затоа и одлучив да ја креирам оваа линија на долна облека за девојките кои што сакаат добро да изгледаат и да имаат одличен квалитет, рече таа за “The Mirror”.