Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам Валентино Роси по две години и се врати на Јамаха, по што го тестираше моторот за наредната година на патеката „Рикардо Тормо“.
Роси во претходните две години возеше за Дукати, со кого оствари разочарувачки резултати, само три пати се најде на подиумот, а соработката со италијанскиот тим ја заврши во неделата, на Големата награда на Валенсија, која ја заврши како десетти.
[nggallery id=61]