Хрватска ја освои бронзата на Светското ракометно првенство

Од:

Репрезентацијата на Хрватска го освои третото место и бронзениот медал на Свесткото ракометно првенство кое се одржува во Шпанија.

Хрватските ракометари вечерва во „Палау Сант Жорди“ во Барселона со 31:26 ја совладаа селекцијата на Словенија во малото финале.

Првото полувреме помина во изедначена игра и неколку изедначувања на резултатот за по 30 минути игра Хрватите на одмор да одат со плус еден – 14:13.

Победникот беше решен во почетните минути на вториот дел кога Хрватска направи серија од 7:0 за водство од 21:14 во 42.минута.

Домагој Дувњак и Иван Чупиќ со по осум голови беа најефикасни играчи во победничкиот состав.

Со освоеното трето место Хрватска ја продолжи низата бронзени медали на големите натпреварувања, откако бронза освои и на последното Европско првенство во Србија и на Олимпијадата во Лондон.

Финалниот дуел на 23.от Мундијал ќе се одигра утре со почеток од 17 часот и 15 минути. За златото ќе се борат домаќинот Шпанија и европскиот првак Данска.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он