Почетокот на пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Македонија кој беше закажан за 21 часот беше одложен за половина час затоа што на загревањето, според првичните неофицијално информации капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ ја скршил таблата.
На домаќините им требаше половина час да ја сменат таблата, по што натпреварот почна.