Партизан продолжува со поразите во Евролигата, откако српскиот шампион го претрпе и петтиот пораз во низа во елитното европско натпреварување, овојпат на домашен терен од Бамберг со 72:77.
Иако беа многу близу до остварување на целта, младите кошаркари на Партизан потклекнаа во самиот финиш, откако во последните три минути влегоа со предност од 70:64, но му дозволија на противникот со серија од 13:2 да направи целосен пресврт и да стигне до победата. Словенецот Нахбар со 19 поени беше главна фигура во таборот на Бамберг, додека Јакобсен постигна 18 поени.
[nggallery id=55]