ВИДЕО: Надал ја освои 38-та титула во кариерата

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Акапулко откако во финалето го победи неговиот сонародник Давид Ферер со резултат 6:0, 6:2.

Со оваа победа, од тронот на турнирот во Мексико, по три години и симнат токму Ферер, кој имаше 19 последователни победи овде. Мечот траеше 66 минути, а првиот гем Ферер го освои дури во вториот сет, при резултат 2:0 за Надал.

Поранешниот број 1, рутински го заврши мечот, губејќи само уште еден гем, за потоа на свој сервис при резултат 40:0 веднаш да ја искористи меч топката за 17-от триумф во вкупно 21 дуел со Ферер.

ferer-akapulko nadal-akapulko1nadal-akapulko2nadal-akapulkonadal-akapulko3

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех