Во организација на Општина Центар, Младинскиот шаховски клуб Центар и Шаховскиот сојуз на Град Скопје, се одржа Меѓународен шаховски турнир со учество на вкупно 98 шахисти од Албанија,Бугарија,Косово, Србија и Македонија.
Се одиграа 9 (девет) кола по Швајцарски систем.
Првото место го освои велемајсторот Мирослав Миљковиќ од Србија со 8 поени, пред Дренчев Петар (Бугарија) и Филип Панчевски од Македонија.
Прославениот велемајстор Кирил Георгиев овојпат мораше да се задоволи со 7-мото место.
Беа поделени вкупно 12 редовни и 9 специјални награди.
Турнирот свечено го отвори и наградите ги подели Градоначалникот на општина центар Г-динот Андреј Жерновски.
Жерновски изрази задоволство од настанот и најави дека турнирот ќе прерасне во традиционален.