Коби Брајант беше специјален гостин во тренинг центарот на италијанскиот гигант Милан.
Отсекогаш сум бил фан на Милан. Имам шал и дрес од овој тим кои се закачени во мојот дом, рече Коби Брајант.
Тој доби дрес на подарок со бројот 24 и неговото име. Инаку, Коби е во Милано за да ја санира својата повреда на Ахиловата тетива.