Завесата можеби се спушти, но прославите и празнувањето се далеку од завршени. Илјадници фанови низ целиот свет дојдоа да им посакаат добредојде на олимписки херои од летните олимписки игри 2012.
Од Шанзелизе во Париз, до плоштадот Пискаро на карипските острови на Тринидад и Тобаго, спортските ѕвезди беа пречекани со неверојатни прослави.
Поддржувачи на олиписките шампиони во нивните матични држави ги преплавија аеродромите и градските улици во чест на достигнувањата на спортистите на Лондонските игри. Веднаш по напуштањето на Лондон, спортистите беа преплавени со конфети, нападнати од ловци на автограми, а во еден случај тинејџер добитник на златен медал – беше пречекан дома со нова куќа и чек за 155.000 $.
Неверојатни сцени се случуваа на Меѓународниот аеродром Пиарко, во Тринидад и Тобаго, кој беше сардисан со фановите желни да му посакаат добредојде дома на олимпискиот херој Кешорн Волкорт кој дома го донесе златниот медал од дисциплината фрлање копје.
Херои беа пречекани со добредојде и во Франција. Француските навивачи ја преплавија Шанзелизе во Париз со цел да се поздрават со своите олимписки херои. Француските спортисти качени на автобус со отворен покрив парадираа низ главниот град.
Руските херои беа „сардисани“ уште на московскиот аеродром од илајдници фанови кои бараа автограми. Руските спортиски, кои собра вкупно 82 медали на Лондонските Игри, беа обпсипани со лативи од рози на нивното пристигнување во Москва.
Кога Кешорн Валкот го освои златниот медал во фрлање на копје, му беше ветено дека кога ќе се врати дома во Тринидад и Тобаго, ќе го чека нов луксузен дом и околу 20.000 квадратни метри земјиште во близина на неговиот роден град.Неговата горда нација дури планира да го именува светилни и авион на Кариби ерлајнс по 19-годишниот шампион.
Премиерот Камла Персад Бисесар го опсипа Валкот со подароци и пофалби во понеделникот, додека илјадници навивачи облечени во националните бои на црвена,а црна и бела го поздравија на Пиарко Меѓународниот аеродром да го поздрават на млад спортист.
Понеделникот беше прогласен и за национален празник во чест на Валкот, кој победи на Олимписките игри во фрлање копје со далечина од 277 метри и шест инчи. Неговата победа и го донесе на Тринидад и Тобаго првото олимпиското злато во оваа дисциплина и второ во историјата на игрите.
Првиот го освои Хасли Крафорд во 100 метри спринт во Монтреал, пред 36 години.
„Во име на народот на Тринидад и Тобаго, ние ви се заблагодараме, Господ може да продолжи да ве благословува”, му се обрати премиерката на Валкот пред илјадниците насобрани на централниот плоштад. Валкот, кој потекнува од малото земјоделско село Toco, изгледаше малку шокиран од излевање на благодарност од неговите сонародници.
„Бев горд да го носи знамето на Тринидат и Тобаго и благодарам на сите за поддршката и благодарение на мајка ми и татко ми, брат ми и сестра ми”, изјави Валкот.
Меѓу другите земји кои излегоа да го поздрават враќањето на спортистите, беше и Алжир, каде министер за спорт Хачеми Диџар, дојде да го поздрави Таофик Макхоуфи, кој освои злато во 1500m за мажи.
Во меѓувреме и добитниците на бронзен медал од Катар добиле топло добредојде од Шеикот Јоан бин Хамад бин Калифа ал-Тани, син на емирот на Катар.Насер Ал-Атијах зеде бронза во финалето на пукање во глинени гулаби, додека со скокач Мутаз Еса Баршими, исто така, се врати во Катар закитен со бронзен медал.