Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ според АТП листата им покажа на Бразилците дека тој е добар и на фудбалско игралиште во пријателски натпревар во Рио де Жанеиро, каде што учествуваа и фудбалски легенди како Зико, Бебето и Дејан Петковиќ Рамбо.
Организираниот натпревар помеѓу Флуминенсе и Крузерио “плави” и “црвени”, завршен е без победник односно 3:3, а Новак Ѓоковиќ постигна два гола за “плавиот” тим.
Двата гола беа постигнати од белата точка, а третиот гол го даде Дејан Рамбо Петоквиќ.
Целиот спектакл го одбележаа легендите на Бразил, Бебето, Ромарио и Зико.
Боите на “црвените” ги бранеше Густаво Куертен, а Ноле на поклон доби дрес од Фламунисе кој во денешниот натпревар слваеа прваци на Бразил.
[nggallery id=68]