Иако е зафатен со работните обврски, тенисерот Роџер Федерер секогаш пронаоѓа време за своите најблиски – сопругата Мирка и ќерките.
Брачната двојка е сликана на прошетка во Њујорк, каде семејството на најдобриот тенисер на светот претстојува, за време на турнирот US Open.
Швајцарецот е еден од фаворитите на овој Грен Слем. Тој има освоено пет последователни титули, од 2004-та до 2008-ма година.