Пак обединета, со членови од секој дел од светот, од таковината, ширум Европа, па и оние кои живеат и работат во Катар и ОАЕ „Фалангата“ се собра за овој голем настан да ја бодри својата земја и ракометните асови.
Нивната песна се слушаше и во големата „Лусаил арена“ на првиот меч со Тунис и во „Ал Саад арената“ во тесната победа против Иран. Сите обоени во црвено-жолто македонските навивачи ги собраа сите симпатии уште во првите денови од шампионатот.
Од европските земји, ретко кој има така бројна и обединета навивачка група, која со текот на времето уште повеќе ќе се зголемува и ќе биде уште позабележителна.