Официјалната фејсбук фан страна на НБА тимот Атланта Хоукс, за кој ќе настапува нашиот капитен наредната сезона, повторно посвети внимание на нашата репрезентација.
„Перо Антиќ постигна 11 поени и и помогна на македонија да слави против Германија со 81:67, сега се со скор 2-0 во рамките на Беко Суперкупот“, пишува под сликата на која е Антиќ.