Форбс и годинава објави листа со највредни спортски клубови во светот, а петта година по ред на прво место е екипата на американскиот фудбал „Далас Каубојси“, чија вредност се проценува на 5,5 милијардио долари.
Потоа следи бејзбол тимот на њујоршките „Јенки“ со пет милијари, а потоа три НБА клубови – „Никси“ (4,6 милијарди долари), „ЛА Лејкерси“ (4,4) и „Голден Стејт Вариорс“ (4,3 милијарди).
Три европски фудбалски клубови се меѓу првите десет на листата на Форбс – „Реал Мадрид“ со 4,24 милијарди, фудбалскиот клуб „Барселона“ со четири милијарди и на 10. место е „Манчестер Јунајтед“, кој е процент на 3,8 милијарди долари.