Фоњини победник на Хамбург АТП трунирот

Од:

Италијанецот Фабио Фоњини е освојувач на тенискиот АТП турнир Мастер 500 одигран на земјена подлога во Хамбург, Германија.

Во денешното финале Фоњини беше подобар од Аргентинецот Федерико Делбонис и победи со 2:1, по сетови 4:6; 7:6(8) и 6:2.

Италијанскиот тенисер се спаси од пораз одбивајќи три меч топки на Делбонис, за потоа да го добие сетот преку тај-брејк, додека во третиот сет беше убедлив, дозволувајќи му на противникот само два гема.

Наградниот фонд на овој АТП турнир изнесуваше еден милион и сто и педесет илјади евра.

Пред победата во Хамбург, Фоњини го освои и силниот турнир во уште еден германски град. Тој победи и во Штутгарт и очекува скок на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ