Првопласираниот на АТП листата Енди Мареј продолжи со лошите игри и доживеа елиминација веќе во 2.коло на турнирот во Рим. Британецот синоќа загуби од домашниот натпреварувач Фабио Фоњини со 2-0.
Фоњини доминацијата на овој меч ја најави со два брејка на стартот и водство од 4-0, а првиот сет да го заврши со 6-2.
Слично почна и вториот сет со водство на Италијанецот кое достигна 5-1, Мареј намали на 5:4, но Фоњини го доби следниот гем за конечна победа.
Мареј во италијанскиот главен град го бранеше трофејот освоен минатата сезона, но доживеа рана елиминација, слично како на претходниот Мастерс во Мадрид.