Фоњини е последниот полуфиналист во Монте Карло

Од:

Италијанецот Фабио Фоњини е последниот полуфиналист на турнирот од сериите „Мастерс“ во Монте Карло. Поставениот под број 13 во шемата остври триумф со 1: 6, 6: 3, 6: 2 над Хрватот Борна Чориќ и за место во финалето ќе се сретне со 11-кратниот освојувач на турнирот – Рафаел Надал.

Чориќ го започна одлично натпреварот, го освои брзо првиот сет, а во вториот поведе со 2:0 и изгледаше како сигурен победник. Тогаш сепак Фоњини зеде медицински тајмаут, по кој се врати на теренот преобразен и освои осум од следните 9 гема.

Така тој зеде клучна предност од два гема во третиот сет, а уште еден брејк му даде шанса да го затвори натпреварот по 6:2 и точно два часа игра.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ