Екипата на ФМП Академија на кошаркарскиот турнир во Битола освои два пехари и повеќе медали. На овој Меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2018“, младите кошаркари од Кисела Вода до 13 годишна возраст го освоија првото место на табелата.
Додека, момчињата до 15-годишна возраст третото место. За најдобар играч на турнирот до 13 годишна возраст беше прогласен Ристе Буклешевски.
– Многу сум среќен што имаме млади кошаркари кои на теренот ги вложуваат сите напори за победа. На турниорт во Битола нашата екипа покажа како се игра кошарка, се вративме со два пехари и повеќе медали. Покрај ова, уште еднаш сакам да ги повикам сите заинтересирани со постојано живеалиште во Кисела Вода да се пријават за бесплатните кошаркарски тренинзи кои ги организираме со поддршка од Општина Кисела Вода.
Заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 075 782 863 или директно да аплицираат на следниот мејл [email protected]. – изјави Никола Божиноски, сопственик на ФМП Академија.