Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Од:

Јуниорската финалистка на Вимблдон, Никола Бартункова е суспендирана поради допинг.

18-годишната тенисерка од Чешка нема да може да се натпреварува бидејќи била позитивна на триметазидин.

Таа супстанца била пронајдена во нејзината крв при тестирање во Трнава и Марибор, во февруари и март.

Да потсетиме, овој лек е пронајден и кај Русинката Камила Валијева 2021 година, натпреварувачка во уметничко лизгање, но и кај 23 кинески пливачки.

Минатата година Бартункова играше во јуниорското финале на Вимблдон, каде беше поразена од Клерви Нгуну.

Таа стигна и до полуфиналето на Ролан Гарос во сингл и до финалето во двојки.

Нејзе ѝ е забрането да учествува во натпреварување во очекување на сослушувањето пред Агенцијата за тениски интегритет.

Инаку, таа се наоѓа на 282. место на ВТА листата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“