Во финишот на првото полувреме, младиот француски репрезентативец Матје Гребиј незгодно падна и го повреди рамото, па до крајот на полуфиналето против Шпанија не влезе во игра.
Констатирано е дека се работи за изместување и сигурно нема да игра на мечот в недела против Катар. Неговото отсуство од ракометните терени се предивидува да биде 3-4 недели.
Слично мина и Капоте од Катар, кој на средината од второто полувреме на мечот со Полска го повреди скочниот зглоб и не влезе во игра до крајот на мечот. Не беше многу расположен и покрај победата и по мечот потврди дека повредата е сериозна. Исто така ни рече дека нема да настапи во утрешното финале против олимпискиот шампион Франција.