Финале за ракометарките на Црна Гора

Од:

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е вториот финалист на Европското првенство, откако во полуфиналето ја победи Србија со резултат 27:26 (13:14).

Црногорките беа во предност поголемиот дел од натпреварот, а во последните десет минути одржуваа два гола разлика.

Дуелот го следеа 12 илјади и 500 гледачи и со тоа е урнат рекордот на сите европски женски ракометни првенства.

Најефикасна во екипата на Црна Гора беше Милена Кнежевиќ со 8 погодоци, а 6 постигна Катарина Булатовиќ.

Меѓу Србинките, најмногу голови, вкупно 7, постигна Билјана Филиповиќ, Андреа Лекиќ – 5, а Сања Дамјановиќ – 4 погодоци.

Србија за 3-тото место ќе игра во недела во 14:30, против репрезентацијата на Унгарија, а финалето меѓу Норвешка и Црна Гора почнува во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он