ВИДЕО: Фијаско на Алкараз, за прв пат во кариерата беснееше и го кршеше рекетот

Од:

Карлос Алкараз веќе во второто коло го заврши учеството на Мастерсот во Синсинати, каде лани беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ во епски меч во три сета.

Младиот Шпанец доста се мачеше против Французинот, Гаел Монфис, во второто коло на Мастерсот во Синсинати, кој кулминираше во третиот сет.

Французинот успеа да му земе сет на Алкараз, а потоа во третиот да го натера целосно да полуди на теренот и да го скрши рекетот.

Се се случи на крајот од третиот натпревар, откако Монфис успеа да го скрши Шпанецот. Тогаш Французинот го потврди брејкот на свој сервис, иако со многу мака и спасена брејк топка, а Шпанецот не можеше да се воздржи.

Откако Монфис го доби натпреварот, Алкараз, видно бесен, почна да го удира рекетот од земја, при што целосно го скрши.

Никогаш до сега немавме шанса да го видиме Карлитос во ова издание.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест