ФИФА заработи 2 милијарди евра од Светското клупско првенство

Од:

Светското клупско фудбалско првенство завршува, а шампионот ќе го дознаеме утре кога Челси и Пари Сен Жермен ќе се сретнат во 21:00 часот.

Клубот од Париз, кој е актуелен шампион на Европа, ќе се обиде да го добие својот прв трофеј во ова натпреварување. Од друга страна, Челси веќе беше светски шампион во 2021 година, кога го победи Палмеирас во финалето.

Очекуваме вистински спектакл во претстојното финале, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, верува дека Светското клупско првенство во Америка било исклучително успешно, и откри колку заработиле од ова натпреварување.

– Заработивме речиси две милијарди евра, надминувајќи ги сите други куп натпреварувања низ целиот свет. Светското клупско првенство беше исклучително успешно, а претстојното финале помеѓу Челси и Пари Сен Жермен се очекува со нетрпение – рече Инфантино.

Би можело да ве интересира

Македонија со скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА

А1он

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија