ФИФА покрена истрага против Аргентина, а Британците порачуваат: „Тргнете ги рацете од Фолкландските Острови“

Од:

ФИФА ќе испита дали аргентинските фудбалери ги прекршиле правилата откако истакнаа транспарент со кој ги поддржуваат територијалните претензии на својата земја кон Фолкландските Острови.

Аргентинските играчи подигнаа транспарент со натпис „Las Malvinas son Argentinas“ по полуфиналниот натпревар против Англија, пренесува „Сан“ (The Sun).

Натписот значи „Фолкландските Острови се аргентински“ – политичка порака што би можела да резултира со парична казна за националниот тим.

Играчот од средниот ред Леандро Паредес по натпреварот изјави дека „Фолкландските Острови секогаш ќе бидат аргентински“.

Британскиот министер Питер Кајл изјави дека е „целосно несоодветно“ што се случило такво нешто по победата на Аргентина од 2:1 над Англија.

Даунинг стрит (британската влада) денес одговори со порака до аргентинската делегација дека Фокландските Острови се „дефинитивно наши“.

Меѓу играчите што го држеа и вееја транспарентот беа Лионел Меси, капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез.

Лидерот на десничарската партија „Реформ УК“ (Reform UK), Најџел Фараж, изјави:

„Иако сум згрозен од однесувањето на одредени аргентински играчи синоќа, најважно е што поскоро да ја зајакнеме Кралската морнарица.“

Лидерката на Конзервативната партија, Кеми Баденох, изјави дека конзервативците секогаш ќе ги бранат Фокландските Острови.

„Фокландските Острови се британски. Конзервативците секогаш ќе ги бранат“, рече таа.

Лидерот на Либералните демократи, Ед Дејви, напиша на социјалните мрежи:

„Во август 2024 година, Родри и Алваро Мората со право беа суспендирани на еден натпревар поради скандирањето ’Гибралтар е Шпанија‘.

Сега, аргентинските играчи кои славеа со транспарентот ’Фокландските Острови се аргентински‘ исто така мора да бидат суспендирани за финалето.“

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он