ФИФА го истражува трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед

Од:

ФИФА покрена истрага за трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед откако италијанската Сампдорија поднесе тужба против португалскиот гигант.

Клубот од Џенова го продаде португалскиот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон во 2017 година и во моментов бара 10%, или нешто повеќе од четири милиони фунти, од договорот со „црвените ѓаволи“.

Сампдорија тврди дека тоа било една од трансфер-клаузулите на Бруно Фернандеш.

ФИФА преку својот портпарол потврди дека во моментов се води истрага.

– Сампдорија поднесе тужба до ФИФА против португалскиот клуб Спортинг Лисабон во врска со финансиските обврски поставени во договорот, за трансферот на Бруно Фернандеш, соопшти централата.

Португалскиот играч од средниот ред се пресели во Манчестер Јунајтед во текот на зимата за околу 50 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра