ФФМ: Праќајте мотивациони пораки на Фејсбук страната на ФФМ

Од:

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) креираше Фејсбук апликација преку која фудбалските фанови ќе имаат можност да ги напишат и да ги објават своите најдосетливи пораки и да ги мотивираат  своите херои на теренот.

– Поддршката од фановите е особено важна за македонските фудбалски репрезентативци. Позитивната енергија и мотивацијата можат ида влијаат наконечниот резултат на еден натпревар. Токму за таа цел, со цел да се оствари комуникација со фановите, да се поттикне нивната креативност но и да се даде можност на секој поединец да ја напише својата мотивирачка порака, истакнуваат од ФФМ.

Апликацијата е прикачена на фан страната на ФФМ https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija фановите можат да ги споделуваат своите пораки, кои ќе бидат видливи за сите и да собираат лајкови. Најдобрите и најлајкуваните дваесет мотивирачки пораки ќе добијат билети за натпреварот Македонија – Белорусија кој ќе се одржи на 27 март, а ќе бидат поставени и во соблекувалната на нашите репрезентативци, како и на автобусот со кој тие патуваат.

Од тие дваесет пораки македонските репрезентативци и селекторот Бошко Ѓуровски ќе изберат една главна порака, која ќе биде наградена со дрес од фудбалската репрезентација на Македонија, а секој од стартните 11 фудбалери ќе одбере своја омилена мотивирачка порака, која ќе биде испечатена на опремата со која тренира.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски