Фудбалската федерација на Македонија подготви промо видео во кое ги прикажува убавините на македонската метропола во пресрет на финалето од Супер купот на УЕФА на кој силите ќе ги одмерат Реал Мадрид освојувачот на Лига на шампиони и Манчестер Јунајтед победникот на Лига Европа.
Супер купот ќе се одигра на 8 август во Скопје на националната „Телеком Арена“ со што фановите очекуваат мега фудбалски спектакл со голем број на ѕвезди меѓу кои и најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо.
Градежните активности околу стадионот како и сите откриени недостатоци од УЕФА треба навремено да се отстранат за да нема никакви пречки за одигрување на натпреварот.